Златното грло на македонската патриотска песна пејачот Орце Стевковски-Царот деновиве со многу емоции и патриотска љубов ја сподели својата песна насловена како „Глас се слуша, плач и лелек“.

Песната Орце ја сними во чест на славниот македонски херој Гоце Делчев. Орце под објавата емотивно напиша: „Во чест и вечна слава на великанот Гоце Делчев! Пејачот е инаку добро познат и најмногу препознатлив по песните во кои се пее за Македонија и македонскиот народ, најчесто напатен и страдален низ својата историја. Тој на својот репертоар ги има познатите патриотски (но и љубовни) хитови: „Убава Калина“, „Царот Неготински“, „Песна за Мислешево“, „Песна за Лазец, Битолско“, „ Пукнала мајко треснала“, „Се заљубив на стари години“, како и познатата песна „Од кај дојдовте“.

Откако Орце не настапува како и сите негови колеги поради пандемијата, и откако го нема на турнеите кај Македонците во Австралија, Канада и Америка, тој не се откажа од музиката. Напротив, снима и пее, и ако повеќе за своја душа, бидејќи тој живее за песната. Македонска!

Исто така за Орце е познато и тоа дека е во успешен брак со познатата ТВ и радио/ водителка Драгица Стевковска-Дракче, која и самата за нивната семејна среќа има само пофални зборови: „Да, да, со Орце сум 36 години во брак. Убаво ни е, и ако има секако и проблеми како во секој брак, но тоа се поминува кога има доволно разбирање.

Имаме две ќерки и пет внучиња. За да се зачува бракот потребна е и толеранција, потребен е секогаш отворен муабет, не да се молчи или преминува преку проблемите, вели шармантната Драгче која и самата ја поздравува неговата песна за Гоце Делчев за која се надева дека многу бргу ќе се обнароди.   Д.М.