Хрватска успеа да направи неверојатен подвиг во Токио бидејќи во тениското финале во двојки ќе има само хрватски тенисери.

Утринава Марин Чилиќ и Иван Додиг остварија пласман во финалето во двојки, победувајќи ја двојката Даниел-Венус во полуфиналето со 2:0 во сетови, а во финалето ќе играат против своите сонародници.

Имено, во второто полуфинале хрватските тенисери Никола Мектиќ и Мате Павиќ успеаја да ги победат Кајичек и Сандгрен и исто така да се пласираат во финалето. Мектиќ и Павиќ успеаја да ги победат своите противници за час и 22 минути, а двата сета ги добија со 6:4.

Интересно е што само двапати во историјата на Олимпијадата тенисери од иста земја играле во финалето, што значи дека таа земја има загарантиран златен и сребрен медал.

Првиот пат тоа се случи во 1904 година, кога на турнирот играа само американски двојки, а четири години подоцна тенисери од Велика Британија се најдоа во финалето.

Ова е навистина голем подвиг за хрватските тенисери кои во Токио успеаја да направат нешто што никој не го направил во претходните 113 години.