Хрватскиот премиер Пленковиќ денеска во официјална посета на Македонија

89

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Премиерот Димитар Ковачевски на церемонија со највисоки државни и воени почести ќе го пречека Пленковиќ, кој предводи делегација во која се високи владини претставници за економски прашања и за надворешни работи и членови на хрватскиот Сабор.

Веднаш по церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба на Ковачевски и Пленковиќ, по што ќе следува билатерални разговори на двете делегации.

Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

Хрватскиот премиер Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.