Хименез задолжен за голови

58

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на мексиканскиот интернационалец од редовите на холандскиот гигант Феенорд, Сантијаго Хименез. Младиот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола да си замине од Ротердам на крајот од актуелната сезона само доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.