ХАОС НА УЛИЦИТЕ: Протести по победата на Макрон, судири со полицијата во Париз/ВИДЕО

397
Фото: Youtube screenshot

Француската полиција вчера фрли солзавец врз демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако претседателот Емануел Макрон повторно победи на изборите.

Полицијата се обиде да ја разбие толпата претежно млади луѓе кои се собраа веднаш по реизборот на Емануел Макрон за претседател на Франција, во неколку француски градови.

Собири беа организирани во Париз, Рен, Монпеље, Лион, Стразбур… Ангажирани беа силни полициски сили.

Во Париз демонстрантите се собраа на плоштадот Есен, а овој ненајавен собир беше растурен со димни бомби. Демонстрантите потоа се преселија на друга локација во главниот град, Плоштадот на Републиката, каде што дојде до нов судир со полицијата.

Судири имаше и во Рено, каде протестираа неколку стотици луѓе, меѓу кои и некои во познатите жолти елеци. Беа поставени и барикади, а најрадикалните демонстранти фрлаа шишиња кон силите на редот.

Во Франција вчера се одржа вториот круг тензични претседателски избори на кои 48,7 милиони гласачи се определија меѓу Марин Ле Пен и Емануел Макрон.