Француска компанија лансира три теста како помош во борбата против коронавирусот

117

Француската биотехнолошка компанија BioMerieux денес објави дека ќе лансира три теста како помош во борбата против коронавирусот, пренесува Reuters.

BioMerieux, која обезбедува решенија во областа на дијагностика за да се идентификува изворот на заразата, наведува дека го завршила развојот на SARS-COV-2 R-GENE тестот, за кој се очекува да добие европска ознака “CE”.

Тој производот, исто така, ќе биде пријавен во американската администрација за храна и лекови поради овластувања, додаваат од компанијата.

Според британската агенција, француската компанија развива уште два теста, кои ќе бидат пријавени во регулаторните органи во вториот и третиот квартал од оваа година.