„Спенсер“ (Spencer) е биографската драма за британската принцеза Дијана која почина во 1997, филм кој македонската публика ќе може наскоро да го погледне во градските кина.

Улогите ги толкуваат Кристен Стјуард, Тимоти Спал, Џек Фартинг, Шон Харис, Сали Хокинс, а режијата е на Пабло Ларин.

Во филмот се прикажува како за време на Божиќните празници кога се заедно со кралското семејство на имотот Сандригам во Норфок, Принцезата Дијана решава да го остави Принцот Чарлс…

„Филмот е длабоко нурнување во тој клучен момент од животот на Дијана“, рече Стјуарт.