„Филмски“ грабеж во Канада: Злато вредно 13,5 милиони евра украдено од аеродром

102

Канадската полиција истражува кражба на злато и вредни предмети во вредност од околу 13,5 милиони евра од аеродромот во Торонто.

Златото и многу скапите предмети пристигнале во понеделникот вечерта со авион и биле истоварени во хангарот, изјави синоќа претставник на локалната полиција, додавајќи дека исчезнувањето на пратката било брзо откриено.

Контејнерот во кој се наоѓале вредните предмети е украден од магацинот, изјави службеникот на прес-конференцијата.

Детали за начинот на кражба и осомничените не се соопштени.

Медиумите објавија дека од аеродромот испариле повеќе од 1,6 тони злато, што би вредело многу повеќе од 20-те милиони канадски долари (13,5 милиони евра) за кои властите велат дека вреди скапата пратка.