Лидерот на табелата во домашното кошаркарско првенство, екипата на Пелистер, извојува лесна победа против „фенерџијата“ Ангели со 76:58.

Битолчани го решија прашањето на победникот уште во првата четвртина која ја добија со 32:6, а потоа рутинирано ја одржуваа предноста до крајот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Дејвид Хотон со 18 поени, додека Стојан Ѓуроски уфрли 15 коша, додека на спротивната страна прво име беше Наумоски со 14 поени.