Американскиот претседател Доналд Трамп веќе не може активно да го шири вирусот што предизвикува Ковид-19 и може да се појави во градското собрание во Мајами на настан организиран од Ен Би Си Њуз без да ги загрози останатите присутни, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.

Во интервју за Си Би Ес рече дека тој и неговиот колега Клифорд Лејн од Националниот институт за здравство (НИХ) ги прегледале сите тестови за Ковид-19 направени од претседателот, како и дополнителен тест направен во лабораторијата на НИХ за да се донесе заклучок дека претседателот веќе не е заразен.

На 2 октомври Трамп соопшти дека е позитивен на коронавирусот и примаше терапија во болница неколку дена.