Уште еден легален ѕид во Пинтија

276

Скопје доби уште еден нов „Легален ѕид – Legal Wall” во должина од 70 метри. Тој се наоѓа на булеварот „Борис Трајковски“, во населбата Пинтија, на територијата на општина Кисела Вода.

– Особено сме горди дека Град Скопје, кој воедно е кандидат за европска престолнина на културата 2028, ја даде својата целосна поддршка за уште еден проект кој е од особена важност во развивање на урбаната култура во Скопје и отворање на нови простори за креативно изразување и развој на уличните уметници – соопштија од Град Скопје.

Иницијативата за назначување на легални ѕидови во градот ја разви тимот на „СКОПЈЕ 2028“ во соработка со претставници на скопската графити сцена.

Првите два легални ѕида се назначија од град Скопје во јули годинава.