Утре посебен режим на сообраќај во Скопје 

157

Во официјална посета на Република Северна Македонија утре ќе пристигне премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.