Бразилскиот интернационалец, Габриел Мартинели испрати јасна порака до раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал дека е подготвен да ја продолжи соработката но само под еден услов. Крилниот напаѓач е подготвен да остане на „Емирати“ но сака во следните неколку сезони да има неделна плата не помала од 200.000 фунти. Доколку биде прифатена неговото барање, Бразилецот ќе биде еден од најплатените играчи во Арсенал.