Улицата „Алпи бр.1“ во Железара и улица „Крчин 6“ во Козле денеска без вода

48

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат  улицата „Алпи“ број 1 во Железара и улица „Крчин 6“ во Козле.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека корисниците од улицата „Алпи“ број 1 прекин во водоснабдувањето ќе имаат поради приклучна цевка. Корисниците ќе бидат без вода од 9:00 часот, се до санирање на дефектот

Поради изведување на водоводен приклучок на улица „Крчин 6“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Крчин“, „Копачка“, „Стрезово“, „Милан Марковиќ“ и „Пијанец“, од 09:20 часот се до завршување на интервенцијата.