Тројцата кандидати за градоначалник на Пехчево го потпишаа Кодексот за фер избори

61

Пред почетокот на изборната кампања за претстојните локални избори, во Пехчево потпишан е Кодексот за фер и демократски избори од страна на тројцата кандидати кои претендираат за функцијата градоначалник.

На локалните избори во Пехчево покрај кандидатот на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброро за нашата општина” Славчо Пандурски и кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Обнова на Македонија” Александар Китански, годинава поддршка од граѓаните ќе бара и независниот канидат Александар Георгиевски.

При потпишувањето на Кодексот сите тројца најавија почитување на потпишаното за фер кампања.

-Пред граѓаните да се бориме со идеи и проекти, не со лажни вести и обвинувања, а граѓаните нека го одберат најдоброто за општината, истакна кандидатот од СДСМ и коалицијата Славчо Пандурски.

-Го потпишавме и си ветивме дека ќе го почитуваме потпишаниот Кодекс. Нека победи оној кој ќе го избере народот, додаде кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Александар Китански.

Фер кампањата како што самиот изјави ќе биде препознатлив знак и за независниот кандидат Александар Георгиевски.

Претседателката на Општинската изборна комисија во Пехчево, Мануела Станоевска Стоилковска информираше дека од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ТМРО во оваа општина поднесени се и три кандидатури за советнички листи. Актуелен градоначалник на Пехчево е Драган Тренчовски , кој на локалните избори во 2017 победи како кандидат на СДСМ и коалицијата.