Топли оброци и пакети на социјално ранливите семејства од Маџир Маало и Крњево

108
Топли оброци и пакети со храна и хигиенски производи беа поделени денеска на семејства од социјално ранливи категории во населбите Маџир Маало и Крњево, во пресрет на големиот христијански празник Велгиден, како дел од хуманитарната донација обезбедена од Општина Центар, во соработка со општествено одговорни компании, поединци и голем број економски оператори.

Донацијата ја поделија градоначалникот Саша Богдановиќ, со дел од колегите од општината и волонтери од невладината „Банка за Храна“.

Од општината соопштија дека во хуманитарната акција се вклучија и општинските градинки во кои децата, родителите и вработените, обезбедија прехранбени продукти и хигиенски прозиводи за семејствата што живеат во социјален ризик во населбите Кале, Маџир Маало и Крњево, по повод празниците Велигден и Рамазан.

-Благодарен за несебичната хуманост и поддршка на сите општествено одговорни компании и поединци, кои се вклучија во оваа акција на денешниот голем христијански празник и заедно им овозможивме на нашите сограѓани да ги прослават празниците со топол оброк во нивните домови. На граѓаните им посакувам среќен празник и добро да ги служи здравјето во деновите и месеците кои доаѓаат, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Изминатиот период Општина Центар обезбеди помош и поддршка за децата од Специјалниот завод  „Демир Капија“, кои живеат во мали групни домови на територијата на општината и донации за приматели на социјална помош, згрижувачки семејства и пензионери со ниски примања.

Извор: МИА