Томас се збогува со Барселона

105

Шпанскиот ракометен гигант, екипата на Барселона во следната сезона ќе има нов капитен, откако шпанскиот репрезентативец Виктор Томас мораше принудно да ја заврши кариерата поради срцев проблем. Тој преку социјалните мрежи со емотивно писмо се збогува со клубот во кој мина 18 години и со кој освои огромен број трофеи, како на шпанско така и на европско тло.

  • Ова е најтешкиот момент во мојот живот. Се простувам од „Палау Блауграна“, каде што како играч поминав прекрасни 18 години. Клубот ми даде многу, а јас секогаш се обидував да вратам на вистински начин. Ситуацијата со коронавирусот не ми дозволи да се простам како што посакувам, но тоа е животот. Им благодарам на сите за поддршката и пораките кои ми ги испратија. Нема да лажам, за мене ова е една од најтешките одлуки. Барселона секогаш ќе остане во моето срце, напиша Томас.