Тешко болниот Ален Делон синовите и ќерката го однесоа во Дом за стари лица со исклучителна медицинска нега  

13413

Славниот глумец (и пејач) е со многу нарушено здравје! 

Ален Делон, славниот француски глумец, кој повремено беше и пејач (познат по песната „Пароле, пароле“, во дует со познатата француска шансониерка Далида),  има 88 години и тешко е болен. Ставен е под засилено старателство за заштита на чувствителни стари лица, според одлуката на Судот во Франција. На времето, во младоста и во оние неговите убави години, 60-тите и раните 70-ти, Делон со својата исклучителна харизма и машка сексапилност стана вистинска мамка за жените од целиот свет.

Сега на Делон во Домот за стари лица му следува посебна грижа од француските лекари специјализирани за таков вид луѓе кои се изнемоштени и кои веќе не можат да функционираат. Така е похумано, велат, од колку да е оставен сам препуштен на секојдневните обврски кои Делон не може да ги извршува. Покрај него мора деноноќно да има присутно медицинско лице. Обучен и стручен тим да му помага на Делон, кој бавно чекори, има слаб вид, слабо јаде, има и слабо паметење, а и одвај оди во тоалетот.

Тоа подразбира дека на Ален му следува и правен застапник кој ќе ги следи движењата на неговите банкарски сметки, ќе ги следи неговите финансиски трошоци, за сето она што треба да се плаќа, како што се комуналните сметки, но и одењето во маркетите по храната.

-Очигледно дека кај славниот  Делон се гледа дека наскоро ќе замине во вечноста, што секако е тажно. Но мора да сме свесни за тоа дека и самиот живот на секој од нас има свој крај. Тој има и пристојни години по кои многумина копнеат да ги доживеат, велат од канцеларијата на адвокатот кој го застапува актерот и пејачот.

Со сето ова што му се случува на Ален воопшто не можат да се помират неговите деца. Синовите 60-годишниот Ентони  и многу помладиот 30-годишниот Фабиен, веруваат дека таткото им е изманипулиран од нивната сестра Анушка. Таа, наводно, сакала да ја сокрие вистинската здравствена состојба на Ален, имајќи за цел таткото да си го однесе во Швајцарија. Браќата тоа не и го дозволиле, па Анушка поднесе тужба против нив. Со образложение дека тие му ја уриваат приватноста на нивниот татко. Анушка бара парична отштета од околу 120.000 евра од браќата Ентони и Фабиен.

Синот Ентони Делон смета дека неговата сестра сака да го префрли Делон кај неа во Швајцарија за да не плати висок данок од наследството. Анушка тврдеше спротивно. Сакала да го однесе таткото во Швајцарија за да тој продолжи таму да се лекува. Меѓутоа, самиот Ален имаше уште од порано желба додека беше здрав, да се пресели на својот ексклузивен имот во Души. Дури посака на тој имот еден ден да биде погребан. Засега од тоа ништо не е решено.

Останува околу Делон стручно да се грижат медицински лица од францускиот здравствен систем. Децата остануваат тука околу него, доколку нешто затреба, но и да го посетуваат таткото во Дом за стари лица. Таму да му прават друштво и муабет, да му ги освежат спомените од неговиот интересно богат професионален и приватен живот.