Француската тенисерка Фиона Феро (25) го обвини поранешниот тренер Пјер Бутер дека ја силувал и сексуално ја злоставувал кога била тинејџерка.

Феро го обвини Бутер (50) дека ја силувал и ја злоставувал од 2012 до 2015 година, кога имала 15 до 18 години, објави „TennisWorldUSA“.

Бутер тогаш бил нејзин личен тренер со кој често патувала, а неговиот адвокат во овој случај признал дека тие двајца биле во врска. Сепак, тој нагласува дека немало никаква принуда.

  • Според него, тоа беше љубовна приказна, изјави адвокатот.

Инаку, Бутер е и поранешен тренер на Ализ Корне, која годинава настапува на САД Опен. Дури и таа беше прашана за нејзиното мислење на оваа тема.

  • Тоа е премногу сериозна тема за да се занимавам за време на турнирот. Очигледно многу ме погодува, а можеби е и една од причините зошто не спијам многу добро навечер. Испраќам огромна поддршка за Фиона, истакна Корне.

Самата Фиона во петокот на Инстаграм објави дека никогаш не се согласила на сексуален контакт со Бутер, дека верува во правосудниот систем и дека повеќе нема да се рекламира на ова прашање.

Феро моментално е 259. играчка во светот и годинава настапи на квалификациите за САД Опен кои не ги помина.