Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, во верзијата БВЦ, Британецот Тајсон Фјури, подготвен е да се соочи во рингот со светскиот шампион во УФЦ, Фрасис Н’гано.

Вербалните дуели на друштвените мрежи меѓу овие двајца борци траат веќе подолго време. Двајцата највуваат меѓусебна пресметка, а со оглед на тоа што во денешно време за пари се организира се и сешто, воопшто не би било чудно ако Фјури и Н’гано влезат во рингот.

Нгано кога гостуваше во подкастот на мајк Тајсон, изрази желба за борба против еден од најдобрите боксери во светот, со што би ја исполнил својата долгогодишна желба во рингот.

-Не сакам да се борам со Мајк Тајсон, но би влегол во рингот со тешкаш како што е Тајсон Фјури, порача УФЦ шампионот во подкастот.

Фјури многу брзо одговори и најави дека ќе му се посвети на Камерунецот, откако ќе го нокаутира Ентони Џошуа во борбата што е планирана да се случи оваа година.

-Мајк, откако ќе го нокаутирам Џошуа, ќе го претепам и тоа момче. Франсис е лесен залак за мене, напиша на друштевените мрежи Фјури.