Тажно: откажан хуманитарен концерт, продадени само 50 влезници!

257

Хуманитарниот концерт со кој требаше да се соберат парични средства за продолжување на лекувањето во Москва на Никола Новоселски од струмичкото Муртино завчера бил откажан.

 

Како што кажал Иван Митев од „ИМД продукција“(за Струмица.нет) организатор на концертот, купени се само 50 влезници со што само толку граѓани пројавиле интерес за концертот. Затоа истиот бил откажан во Спортската сала „Парк“ во Струмица.На овој концерт според најавите, требало да настапат многу познати македонски фолк имиња, меѓу кои и: Ленче и Горан Кукиќ, Сузана Гавазова, Благоја Груевски, Стојне Николова, Миле Кузмановски, Ѓоко Јовиќ, Марјан Коцев, Болеро Бенд, Енерџи Бенд, Дрим Тим и други.

Инаку, Никола Новоселски од струмичко село Муртино на 27-годишна возраст доживува тешка сообраќајна несреќа по која останува инвалид. За него досега се организираа повеќе хуманитарни акции, по што тој замина на лекување и третмани во Русија. Со пресадување матични клетки и посебни вежби здраствената состојба на Никола се подобри. Тој сега пак треба да оди во Русија, но фалат како и секогаш, парите кои требало да бидат обезбедени за неговото следно лекување, но и за патот. А, патот многу чини, бидејќи за Никола во авион мора да се откупат 6 седишта за тој за време на летот да може да биде во легната состојба…..