Ракометната репрезентација на Србија, загуби со 28:27 од Унгарија во второто коло на Европското првенство во ракомет. Ова ги намали шансите на Србија да се пласира во главната фаза, односно во групата во која би можела да се соочи со Хрватска. Србија мора да ја победи Црна Гора во последното коло, но таа победа нема да биде доволна доколку Исланд ја победи Унгарија или и земе бод.

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Веселин Вујовиќ, за српските медиуми накратко ја анализираше српската репрезентација: „Премногу дозволивме против Унгарија каде одбраната требаше да биде најсилна, ние бевме најслаби. Бенце Банхиди даде 10 гола, во мое време тој немаше да го заврши натпреварот. Потоа играчите отидоа на натпреварот со нож во забите. Тоа беше тепачка, војна, тепачка“.

На крајот, тој заклучи: „Овие играчи денес се навистина добри, талентирани, се борат за својата земја, се гледа желбата, но изгледаат како деца кога одат на училиште, двајца по двајца. Не е доволно да го бакнуваш грбот и да се удираш во гради. Мора да го покажеш тоа и на теренот“.