Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на грчкиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Костас Манолас.

Централниот дефанзивец пред неколку дена изјави дека е среќен во Рим но додаде дека сака во новата сезона да игра и во Лигата на шампиони.

Според моменталната позиција на табелата, Рома сигурно нема да игра во Лигата на шампиони, но истата судбина ќе има и Арсенал доколку не го освои трофејот во финалниот натпревар од Лига Европа, каде за противник го има градскиот ривал Челзи.