Собрани 20.592 денари за куќата на семејството Јовановски во Битуше

156

На дербито одиграно во недела помеѓу Работнички и МЗТ Скопје, а кое беше од хуманитарен карактер, собрани се 20.592 денари, информираше градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој додава дека средствата ќе се искористат за довршување на новата куќа во село Битуше за семејството Јовановски.

– По неделната активност се најавија и многу нови активности, со што веруваме дека за брзо време ќе се соберат потребните средства за довршувањето на новиот дом на семејството Јовановски – информира Богдановиќ.