Снимка од посетата на Крим – Путин седна зад воланот на автомобилот/ВИДЕО

613
Фото: Twitter

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како рускиот претседател Владимир Путин седи зад воланот на автомобил за време на неговата денешна посета на Крим. Михаил Развозаев, прорускиот гувернер на Крим назначен од Москва, објави на Телеграм дека Путин денеска возел сам во Севастопол, најголемиот град на украинскиот полуостров кој Русија го анектираше пред точно девет години.

На крајот од видеото споделено на Твитер од Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, може да се види како рускиот претседател седнува зад воланот на автомобилот откако се ракува со Развозаев.