Без разлика дали пушеле, „дувале“ или краделе тоалетна хартија,голем број на славни личности им останале во лошо сеќавање на домаќините на познатата кралевска палата

 

Актерката Оливија Колман во серијата „Круна“ ја глуми британската кралица, што подразбира познавање основни правила на протокол и убаво однесување, но додека ја промовираше серијата во едно интервју призна дека нејзиниот сопруг во тек на посетата на палатата украл предмет кој сакал да го задржи како сувенир. Бакингемската палата не реагирала на изјавата, само портпаролот кусо изјавил: „ако секој зема по еден предмет за спомен, во палатата нема да остане ништо“.

Битлси Џон Ленон своевремено призна дека членовите на бендот во 1965 година пушеле канабис во тоалетот на палатата пред да им бидат врачени ордени. Подоцна Џорџ Харисон го негираше, појаснувајќи дека во тоалетот запалиле обични цигари, бидејќи биле многу напнати и нервозни.

Роби ВилијамсПејачот призна дека пушел канабис во палатата, но демантираше дека му се слошило па повратил.„ Дали сум повратил во Бакингемската палата? Не. Само пушев џоинт “ изјави тој.

 

Оливија КолманБританската оскаровка во едно интервју изјави дека нејзиниот сопруг во тек на една посета на палатата украл ролна тоалетна хартија за да докаже дека биле таму.

Пирс МорганПознатиот телевизиски водител го сметаат за сериски престапник кога се во прашање посетите на славните и богатите. Во една прилика призна дека дома има колекција од тоалетни хартии кои ги крадел од домовите на познатите. Една од нив е и црната ролна хартија со монограм од тоалетот на Сајмон Кауел, по што е логично дека тоа го сторил и во домот на кралицата. Но како што признава самиот храброста да собира вакви сувенири ја изгубил во 2011 година кога на ред дошла Белата куќа, кога претседател бил Барак Обама, оти се исплашил да не заврши во затвор.

Ема Бантон-Некогашната спајс девојка во емисија изјави дека од Бакингемската палата за спомен го однесла знакот од вратат на тоалетот, кој го зела кога на покана од кралицата имала настап во палатата. Повод бил концерт за Златниот јубилеј во 2002 година.

Стивен ФрајБакингемската палата е само едно од познатите места на кои овој комичар и писател, пријател на принцот од Велс, конзумирал кокаин. Во своите мемоари тој открива дека „шмркал“ наркотици во Домот на лордовите и во Долниот дом на британскиот парламент, но и во ТВ центарот Би-Би-Си. „Може да се каже дека го нарушив угледот на прекрасните палати и поседи кои ги користи славниот естаблишмент“ – изјави тој.

Дениз Ван Аутен -Британската тв водителка се извини, признавајќи дека го позајмила пепелникот и држачот на кутијата за марамчиња пред 21 година. Јавно, на утринската програма на Канал 4 таа објасни дека тоа го направила од чиста забава. Подоцна, двата „позајмени“ предмета ги пратила назад со подарок – ќебе од плиш, како знак на извинување.

Поранешниот  портпарол за медиуми, Дики Арбајтер вели дека поштените посетители се секогаш добредојдени во Бакингемската палата. Сепак се сомнева во некои изјави на славните, бидејќи на тоалетната хартија во палатата нема никаков знак, туку е обична хартија. На приборот за јадење исто така нема никакви кралски ознаки, а на посетителите канапето им се служи во салфети. Тој смета дека со вакви изјави славните личности само сакаат да го зголемат својот публицитет.