Познатата македонска пејачка Елена Ристеска, според озборувањата на скопската чаршија, не е веќе во љубовна врска со тетовираното момче Филип Арсовски. Наводно помеѓу нив двајцата се случи неверството, а за кое Елена сега-засега, нема срце да му прости. Инаку, тие биле пред тоа добри пријатели, се гледале одвреме-навреме низ скопската ноќна шема, па им се случи љубов, и тоа после разводот на Елена од сопругот Бојан. Дали ќе има сега помирување помеѓу тетовираниот и згодниот Филип и една од најсексапилните македонски пејачки, останува да видиме. Само и не да се начекаме за да не може чаршијата да се соочи пак со вакви тешки “теми за дилеми“.