Скандалозна роденденска корона забава во Сараево: Познати пејачи и министер казнети, славеникот-доктор разрешен  

164

Специјалистот на абдоминална хирургија Јусуф Шабановиќ поради роденденската „корона забава“ е разрешен од должноста шеф на клиниката на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Како што јавува Klix.ba, во понеделникот „зад завеси“ во еден сараевски ресторан се случила „корона забава“. Околу 20 луѓе, меѓу кои биле и пејачите Халид Бешлиќ, Шериф Коњевиќ, Хари Варешановиќ, и други, се собрале во еден ресторан во Сараево, каде што била одржана приватна роденденска забава  сараевскиот хирург Јусуф Шабановиќ.

На прославата дошол и министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Коштарац како и Нихад Фејзиќ, декан на Ветеринарнарниот факултет во Сараево и член на телото за следење и анализа на ситуацијата предизвикана од коронавирусот во кантонот Сараево.

Работењето на угостителските објекти и понатаму е забрането, но веселата екипа невешто се скрила зад навлечените ролетни на ресторанот. Полицијата реагирала и сите учесници во забавата се казнети. По пријавата, полицијата за 15 минути пристигнала во ресторанот. Гостите на „корона-забавата“ на самото место биле казнети со по 250 евра, а газдата на ресторанот ќе заработи казна помеѓу 1.000 и 5.000 евра.

Јусуф Шабановиќ  во вторникот бил веднаш разрешен од должноста шеф на Клиниката за општа и абдоминална хирургија на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Причина е непочитување на мерките и изложување на опасност на вработените во клиниката и пациентите по што Шабановиќ е упатен во изолација и под надзор на епидемиолог.