Сите го сакаат Торес

119

Најбогатите клубови во англиската Премиер лига ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од редовите на шпанскиот прволигаш Валенсија, Феран Торес.

Крилниот напаѓач има договор со „лилјаците“ до 2021 година, но во неговиот договор има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 100 мил. евра. Освен од Премиер лигата, Торес има добиено примамлива понуда од Баерн (М) и од Реал (М).