Кога и да се спомене името Ларса Пипен мора да предизвика некаков скандал во НБА таблоидите. Имено, овој пат „ТМЗ“ објави фотографии на кои синот на Мајкл Џордан, Маркус, се забавуваше со поранешната сопруга Скоти Пипен.

Маркус и Ларса беа „уловени“ во ресторан со уште еден пар.

  • Сведоците ни кажаа дека тие се таму околу 45 минути и дека нема очигледни знаци на јавна љубов меѓу нив. Сепак, нашите извори кажуваат дека Ларса се обидела да држи дистанца од Маркус кога видела дека луѓето со камера ја гледаат или фотографираат, пренесува ТМЗ.

Ларса Пипен има 48, а Маркус Џордан, вториот син на Мајкл Џордан, има 31 година.

Мајкл Џордан и Скоти Пипен заедно освоија шест НБА прстени со Чикаго Булс, но нивниот пријателски однос е далеку од добар. Сè отиде во лош правец по критиките на Пипен за документарецот „Последниот танц“ на Џордан.

  • Двете последни епизоди, како и претходните осум, го правеа Џордан ѕвезда, без да кажат за нашата улога во успехот на Чикаго, мојата и на моите соиграчи, истакна Пипен по документарецот.

Пипен отиде малку подалеку во своите напади врз Џордан во 2021 година,

  • Ќе одам толку далеку да кажам дека тој човек ја уништи кошарката. Во осумдесеттите години, во училишните дворови, сите играа со топката, додаваа за да му помогнат на тимот, додека во 90-тите сето тоа го немаше. Сите сакаа да бидат како Мајкл, смета Пипен.

За разлика ов многумина, Пипен смета дека Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња.

  • Зошто мислам дека Леброн Џејмс е најдобриот на сите времиња. Тој ги вклучува во играта своите соиграчи, смета Пипен.