Се преврте „голф“ на автопатот Тетово- Гостивар, две лица се повредени/ФОТО

110

Едно лице е потешко повредено, а едно полесно во сообраќајната несреќа што се случила доцна попладнево на автопатот Тетово-Гостивар. Автомобилот како што пренесе 360 степени, се превртел во непосредна близина на наплатната рампа кај Гостивар, соопшти портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифоски.

Се работи за „голф “ со странски таблички, што го управувал 50-годишен жител од Неготино, полошко.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, а 46-годишниот сопатник е со лесни телесни повреди и се наоѓаат во гостиварската општа болница.

Порталот 24 Инфо објави и фотографија.