Се прават свадби со 300 гости, а персоналот во рестораните не е вакциниран!

Пред неколку дена се укина ограничувањето на бројот на гости на една маса и се дозволи 50 отсто исполнетост на капацитетите и во затворениот дел на кафеаните, но сè уште нема протоколи за организирање на свадби на затворено. Меѓутоа, додека некој ресторани ги почитуваат мерките и чекаат Владата да ги донесе протоколите за организирање на прослави за да почнат со закажување на свадби на затворено, во други на големо веќе се прават свадби со 300 гости што го надминува ограничувањето од 50 отсто исполнетост на капацитетот

149

Додека некој од рестораните сè уште ги чекаат протоколите за организирање на прослави на затворено во други веќе се прават свадби со 300 гости што го надминува ограничувањето од 50 отсто исполнетост на капацитетот. Освен тоа, за разлика од гостите на свадба кој мора да поседуваат сертификат за две примени дози вакцина, оваа обврска не важи за персоналот кој работи во рестораните. Освен персоналот во кујна, кој ја подготвува храната, и келнерите кои ги служат гостите не се вакцинирани.

Меѓутоа, додека некој ресторани ги почитуваат мерките и чекаат Владата да ги донесе протоколите за организирање на прослави за да почнат со закажување на свадби на затворено, во други наголемо веќе се прават свадби внатре.

-Во сабота имаше свадба внатре во ресторанот на која имаше околу 280 гости, а капацитетот на затворениот дел колку што јас знам е 400 гости. Освен тоа што имаше повеќе луѓе од дозволеното не се почитуваа и другите правила, односно гостите играа, се гушкаа, се бакнуваа…Од друга страна, голем дел од моите колеги кои работат во кујна не се вакцинирани, а и дел од келнерите кои ги служат гостите и кои доаѓаат директно во контакт со нив исто така не се вакцинирани, изјави за ВЕЧЕР вработена во еден скопски ресторан за организирање на свадби.

Пред неколку дена се укина ограничувањето на бројот на гости на една маса и се дозволи 50 отсто исполнетост на капацитетите и во затворениот дел на кафеаните, но сè уште нема протоколи за организирање на свадби на затворено.

-Сè уште немаме протокол за организирање на свадби во затворено и очекуваме да биде донесен наредната недела. Со оглед на тоа дека времето се залади и свадбите веќе не може да се организираат на отворено и на летните тераси. Ние бараме да имаме континуитет во нашата работа, да можеме да ги договараме свадбите, а нашите клиенти да бидат сигурни дека ќе може да ги организираат. Практично бараме протоколите за организирање на свадби на отворено да важат и на затворено, вели за ВЕЧЕР, Перица Голомеиќ, сопственик на ресторанот „Рагуза“.

Според него, ограничувањето за бројот на гости на една маса било непотребно со оглед на тоа дека сите гости на свадба мораат да бидат вакцинирани.

За организирање прослави, веселби и свадби засега остануваат да важат постојните протоколи, според кој гостите треба да носат маски, да имаат сертификат за примени две дози вакцина, музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат меѓу гостите, играње е дозволено само со почитување на препорачаната дистанца, а забрането е и ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите.

Исто така останува и обврската сопственикот на угостителскиот објект да ја пријави прославата во Угостителската комора и да достави листа на гости до одговорниот менаџер, кој има обврска да го евидентира секој гостин на прославата.

(А.С.)