Се очекуваат промени во политичкото милје:Во Данска утре се одржуваат парламентарни избори

60

Во Данска утре се одржуваат парламентарни избори,з а кои се очекува да доведат до проемни во политичкото опкружување во земјата.

Некои нови партии се надеваат на влез во парламентот, додека други гледаат дека поддршката им опаѓа,јавува АП,оценувајќи дека поранешниот дански премирер Ларс Локе Расмунсен, кој ја напушти својата партија за оваа година да оформи нова, би можел да биде клучна фигура на изборите, бидејќи неговите гласови би можеле да бидат неопходни за формирање нова влада.

Очекувањата се дека ни левиот ни десниот центар нема да овојат мнозинство – 90 места во Фолкетингот, данскито парламент со 179 места.

Кога ги најави изборите во октомври, седум месеци пред крајот на својот четиригодишен мандат, премиерката Мате Фредериксен рече дека сака широка влда со партии од обете страни на политичкиот центар.

Таа нагласи дека Данска, како останатиот дел од Европа, минува нзи тешки времиња и дека пратениците мораат да бидат заедно.