Се опремува новата градинка во Волково

142

Во тек е опремувањето на новата градинката во Волково, Oпштина Ѓорче Петров.

Се опремува надворешното големо игралиште како и внатрешниот атриум на градинката. 175 деца од Волково ќе имаат можност да бидат згрижени и да уживаат во градинка која се базира на скандинавскиот концепт за предучилишно образование, пресликан во архитектурата, прилагодена на потребите на децата, а во корелација со целите на образованието.

Градинката има форма на круг која дозволува, односно, бара слободно однесување од децата. Објектот има и игралиште, сместено и поставено во природа. Тоа е опремено е со дрвена платформа со пластични елементи за да може по нив да се качуваат децата и да скокаат, кога временските услови го дозволуваат тоа.

Идејата за дворот е во контролирана средина, децата од најмала возраст да се едуцираат во природа.

Градинката е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика.