Се обидел да продаде свој цртеж од детството за 2,3 милиони евра

150

Московјанец успеа да се појави на насловните страници на руските национални весници откако се обидел да продаде свој цртеж кој го нацртал во детството, а за кој побарал 140 милиони рубљи, односно 2,3 милиони евра.

Денес 41-годишниот новинар Владимир Мкрчјан, го понудил за продажба својот цртеж од детството на рускиот сајт Авито, и набрзо стана вирална вест низ земјата бидејќи за својот труд побарал 140 000 рубљи.

Како што пренесе и порталот епик њуз, тој како автор смета дека ова дело вреди значително повеќе бидејќи ја претставува реалноста на советската ера видена низ очите на шестгодишно дете.

„Кога го цртав цртежот бев многу мал и тоа беше во времето на Советскиот сојуз. Во мојот цртеж е претставена реалност што ни доаѓаше преку телевизиските екрани, ама и од книгите. Во тој период многу ме интересираше темата на граѓанските војни“; изјавил Владимир за ТВ 360.

Насловен „Војник на Црвената армија на коњ“, Владимир го пронашол цртежот неодамна додека средувал некои стари документи. Идејата да го понуди за голема цена ја добил веднаш, откако ја сфатил вистинската вредност што ја носи во себе неговиот цртеж од детството.

„Ја внесов својата душа во ова дело, како што знаете раката на уметникот е водена од Бог“, изјавил Владимир за руските медиуми.

фото: Владимир Мкрчјан/аВИТО

Ги известил руските медиуми дека веќе бил контактиран од потенцијален купувач, меѓутоа спомнувањето дали би можел да преговара околу цената што ја бара, уметникот го дочекал како навреда.

Цената е навистина неверојатна. Ова е евтино за едно уметничко дело какво што е мојот цртеж“, изјавил Владимир додавајќи дека цртежот го продава по пониска цена бидејќи во моментот му се потребни пари. „Дури и мене, како автор на цртежот, приказот на коњоt е навистина иmпресивен и има ефект како директен поглед во душата“.

Критичарите истакнале дека ова е можеби патетичен обид да се привлече вниманието на јавноста за безредно дело, но истовремено додаваат дека со оглед на тоа што денес живееме во време кога обична банана залепена со селотејп на ѕид е продадена за 120 000 долари, можеби, сепак се е можно.