Се враќам за две недели

53

Најдобриот стрелец во италијанската Серија А, Златан Ибрахимовиќ, ги израдува најверните фанови на калчо гигантот Милан откако потврди дека планира да се врати на зелениот терен најкасно за две недели. Шведскиот интернационалец се повреди за време на дерби пресметката против екипата на Наполи, а италијанските медиуми шпекулираа дека Ибракадабра ќе мора да паузира најмалку еден месец. Ибра пак потврди дека повредата бара мирувања од една до две недели.