СЕП организира донаторска конференција за програмите за финансирање

14

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска во Скопје организира донаторска конференција на која претставници од донаторската заедница во државава ќе разменат идеи за унапредување на стратешко и ефикасно користење на програмите за финансирање.

Во отворениот дел на конференцијата се најавени обраќања на домаќинот на настанот, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и на министерот за финансии, Фатмир Бесими.