Најпознатата голферка во светот, Пејџ Спиранац, работеше како ТВ-репортер на годинашниот Супербол, односно финалето на НФЛ-лигата.

А, за да влезе во улогата, проба како го прават тоа американските фудбалери. Сепак, се пожали на сексистички коментари на социјалните мрежи.

  • Што очекуваат мажите од мене кога ми испраќаат фотографии од своите гениталии?! – изјави Пејџ за британски „Сан“.

Поранешната голферка има околу 4,5 милиони следбеници на социјалните мрежи, а најголем дел се на Инстаграм, каде што ја следат дури 3,7 милиони луѓе. Таа редовно објавува фотографии од кои луѓето воздивнуваат, а се осврна и на проблемот со лажните профили, кои постојано се појавуваат.

  • Секој ден пријавувам најмалку 20 лажни профили. Секој ден! Тие постојано се појавуваат, а јас се трудам да правам што можам – заклучи Спиранац.