Санкционирани 295 непрописно паркирани возила во Центар

75

НН:ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје за седум дена санкционираа 295 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 20 дo 26 јануари со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 151 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 144 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – велат од ЈП ПОЦ.