Мултиетничка химна, задолжително учење албански јазик, ветинг за сите, флексибилно работно време, фонд за млади и иновации, се само некои од приоритетите на владината програма на ДУИ, која на отворено пред Владата ги изложи кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.

На улицата пред Владата на  видеобим беа испишани на албански и на македонски јазик битните програмски определби на владата на ДУИ. Зибери ја изложи програмата само на албански јазик во присуство на 10 министри.

Меѓу другото, Зибери вети дека во првите 100 дена од владеењето  ќе направат економско закрепнување, а 13 август, денот на потпишувањето на Рамковниот договор, да биде државен празник.