Рускоска: Не е завршено вештачењето на телефонот на Јанева

107

Обвинителката Вилма Русковска за Дојче веле утрово изјавила дека засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“ и дека сѐ уште не е завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.

Јавното обвинителство има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од лицата осомничени во случајот „Рекет“, но засега не се открива за колку случаи се работи. Неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството.

„Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, изјави јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска утрово за Дојче веле.

Русковска потврди дека тие бизнисмени тврделе дека биле уценувани од истите лица кои се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.

Двајцата осомничени во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоран Милевски неделава добија 30 дневен притвор. Двајца осомничени се гонат затоа што рекетирале познат бизнисмен кој бил под истрага од СЈО. Рекетот се одвивал на тој начин што првоосомничениот Јовановски од бизнисменот барал, и успеал да добие, пари во замена за ветување за ослободување од кривично гонење.