Претседателот на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), Себастијан Коу истакнува дека Русите треба да бидат среќни што имаат десет атлетичари на Летните олимписки игри во Токио. Пред пет години во Рио де Жанеиро, право на настап имаше само Дарија Клишина во скок во далечина, поради систематскиот допинг заради кој на Русите им беше забранет настапот

-Имавме долга расправија за тоа што да правиме со руските спортисти. Многу во советот беа против тоа тие да настапат во Токио. Ако мене ме прашате тоа што им дозволивме на десет натпреварувачи според мене е пристоен број. Русите треба да се среќни што имаат барем десет атлетичари на овие Олимписки игри, изјави Коу.