Русија пресече: Забранета воена соработка со компании од „непријателски земји“

34

Русија забрани воена соработка со 74 странски компании поради западните санкции, објави Кремљ.

На списокот има компании од различни „непријателски земји“, меѓу кои и 20 од Германија.

Вклучува и компании од Бугарија, Британија, Канада, Чешка, Естонија, Литванија, Словачка, Црна Гора, Полска и САД.

По руската инвазија на Украина на 24 февруари, многу земји како и ЕУ воведоа санкции кон Русија.

Русија редовно одговара со контрамерки. Во мај забрани водење бизнис со околу 30 компании, повеќето од нив поранешни подружници на Газпром.