Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос, повторно ја шокираше јавноста со своето мислење за најдобриот тенисер во светот Србинот Новак Ѓоковиќ, а откри и зашто веќе неколку години не настапува на вториот грен слем турнир во годината Ролан Гарос.

За него грен слемот во Париз, турнир кој се одржува веќе 125 години и кој за многумина тенисери е еден од најпрестижните, за Австралиецот е „најголемо ѓубре“ што го видел и што треба да се отстрани од календарот.

-Ролан Гарос е „најголемото е*ано ѓубре“ во календарот, веднаш треба да биде исфрлен, порача Австралиецот

Кирјос на Ролан Гарос никогаш не стигнал подалеку од третото коло, а последен пат во Париз настапи во 2017 година. Тој многу го цени Вимблдон, турнир кој го опишува како најпрестижен за кого знаат и оние што не ги интересира тенисот. Но, призна и дека на Австралија опен чувствува голем притисок.

Сепак, Кирјос не го криеше и своето мислење за најдобриот тенисер на сите времиња. Многу во оваа трка ги глердаат Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Но, откако Србинот по седми пат го подигна пехарот за најдобар тенисер во една сезона, поточно седми пат ја завршува сезоната како број еден, тврдат дека тој е најдобар на сите времиња, не и Австралиецот.

-Федерер е Мајкл Џордан. Тој направи најмногу за спортот. Од нив тројца најмногу му се восхитувам на Федерер. На крај тенисот заради него порасна, а неговото заминување ќе направи голема штета кога се во прашање спонзорствата. Без Федерер ќе ги нема и Ѓоковиќ и Надал. Доколку Ѓоковиќ освои уште грен слем турнири не занчи дека ќе биде најголем, за мене Федерер секогаш ќе биде најдобар тенисер во историјата, рече Австралиецот