Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев 

41

Екипите на јавното претпријатие  „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираа пешачката и велопатека по должината на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од Стоковната куќа „Мост“ до триаголникот кај мостот „Гоце Делчев“, од страната на катната гаража.

Како што информираат од претпријатието, пешачката и велопатека се реконструираше по налог на Град Скопје и е асфалтирана на вкупна површина од 1.800 квадратни метри, во која што површина се вклучени и два пешачки острови.

-Во текот на градежните работи на овој потег беа отстранети оштетените бекатон плочки и раскршениот асфалт, беше поставен тампонски слој и рабници, беше реконструирана и нивелирана една шахта и беше нанесена нова асфалтна маса – соопштија од ЈП „Улици и патишта“.

Во наредниот период ќе се работи на обнова на пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот „Гоце Делчев“ и од страната на Кале.