Сестрата на бразилската фудбалска ѕвезда Неимар, Рафаела Сантос (25), повторно е во прегратките на фудбалерот Габриел Барбоса, попознат како Габигол.

Семејството на 25-годишната убавица било против врската со фудбалерот, татко и и брат и протестирале, но не успеале во намерата да ги раздвојат. Инаку, ѕвездата на Фламенго сега е меѓу најдобрите пријатели на Неимар.

Токму поради одличниот однос со фудбалерот на ПСЖ, Габигол доби нова шанса со Рафаела и парот е повторно заедно по неколку месеци разделба.

  • Иако нејзиниот татко беше против врската, тој многу добро знае дека тие двајца не можат еден без друг. Габриел сега е многу посмирен, тие повторно се заедно и ја одржуваат врската, изјавил близок пријател на бразилскиот фудбалер.

Габигол и Рафаела се во врска од 2015 година.