Со едно минутно молчење стартуваше натпреварот помеѓу Работнички и Академија ФМП во рамки на Првата кошаркарска лига. Причина за тоа беше трагедијата која се случи во средата навечер во Кисела Вода, во која загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур, инаку поранешна икона на клубот од „Градски парк“.