Работнички си поигра со вториот тим на МЗТ Скопје

267

Најтрофејниот кошаркарски клуб во нашата земја, Работнички, успешно ја стартуваше новата сезона откако со убедливи 103:58 го победи вториот тим на МЗТ Скопје. Освен по убедливиот триумф овој дуел ќе биде запаметен и по дебито на новиот тренер на составот од Градски парк, Димитар Мираковски.

Виктор Ефремовски со 23 поени беше најефикасен во победничкиот состав, следеа Бенџамин Двејн (19) и Хејден Лескот (18) и Данило Мијатовиќ (15).

Во редовите на МЗТ Скопје 2, Леонид Тодоровски и Борјан Стојановски постигнаа по 12 кошеви.

ФОТО: П.Стојановски