Путин потпиша указ за примена на специјални економски мерки

238

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на посебни економски мерки во областа на надворешната економска активност како одговор на западните санкции, со цел да се обезбеди безбедност на државата.

Како што јавија светските агенции, рускиот претседател нареди забрана за извоз и увоз на производи и суровини од Русија, чиј список ќе го утврди владата.

Владата има рок од два дена да го утврди списокот.

Мерките се воведуваат како одговор на западните санкции против Русија поради инвазијата врз Украина