„Пукна тиквата“, се разведе пејачката Драгана Мирковиќ – нацијата ја “замајуваше” со Малдиви, егзотичните острови, со замокот во Виена

2582

Ниту прва, ниту последна!

Сликите од Ница, Монако, Палма де Мајорка, Копакабана, Австралија, Малдиви, од егзотични острови, од скапи јахти, од замокот во Виена, се само дел од оние за кои народот воодушевено знаеше да коментира. Луѓето зборуваа „колку добро се омажи нашата Драгана во Виена, знае зошто со тој Тони го живее овоземскиот живот“. Сепак, никој не ја знаеше вистинската состојба. Нивниот брак пополека се распаѓаше!

Шокантно: Пејачката Драгана Мирковиќ, која на просторите на поранешна Југославија сè уште важи за една од најпопуларните, а исто така и во соседна Бугарија, после 24 среќни години стави точка на бракот со австрискиот бизнисмен (со ексјугословенско потекло), милионерот Тони Бијелиќ! Се шушка дека Тони постојано ја молеше Драгана да прекине со настапите, концертите, со естрадата и исклучиво да им се посвети на децата. Драгана тоа не сакаше, нејзе публиката и пеењето ѝ се сè во животот и покрај купиштата пари што ги има.

И тука „пукна тиквата“ помеѓу неа и него. Драгана со Тони ги има синот Марко и ќерката Мануела. А, Тони наводно, според информациите од српските портали, подолго време е со 15 години помлада девојка од него. Често се заедно во неговата луксузна вила во Опатија, а и во станот во Германија.  Богатиот Тони ги демантира овие информации, велејќи дека нема девојка и дека се однесува нормално, како секој разведен маж. – Немам девојка, немам љубовница. Тоа се ужасни лаги на голем број српски портали против кои правдата ќе ја побарам на суд, вели Бијелиќ.

Синот Марко, кој предизвикува голема заинтересираност кај девојките, поради тоа, како што велат тие, неговата исклучителна машка убавина, тешко го поднесува сето ова. Тој се огласи во јавноста по веста дека неговите родители се разведуваат, со изрази на жалење. Разводот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ е вистински шок за секој оној што ги познава, најмногу за нејзините естрадни колеги. Сите, буквално, беа во заблуда дека имаат совршен брак. Живеа во изобилство, со многу патувања, скапи подароци кои со задоволство ги споделуваа со своите фанови на Инстаграм и ФБ.

Сликите од Ница, Монако, Палма де Мајорка, Копакабана, Австралија, Малдиви, од егзотични острови, од скапи јахти, од замокот во Виена, се само дел од оние за кои народот воодушевено знаеше да коментира. Луѓето зборуваа „колку добро се омажи нашата Драгана во Виена, знае зошто со тој Тони го живее овоземскиот живот“.        Сепак никој не ја знаеше вистинската ситуација. Нивниот брак пополека се распаѓаше, дел по дел, од година во година, сè до оној момент кога Драгана пресече и официјално поднесе барање за развод.

Во декември, пред оваа Нова година, кога почина мајката на Тони, на Драгана ѝ беше особено тешко. Таа иако со него живееше комплицирано, сепак со свекрвата имаше одлични комуникации. Затоа нејзината смрт страшно многу ја погоди и растажи Драгана.

Сопружниците, иако веќе сега поранешни, сè уште контактираат, се разбира поради децата. Како и да e нивниот развод во секој случај е топ-тема за сите медиуми на Балканот. Вклучително и бугарските, со оглед на голема популарност на српската пејачка кај источниот сосед.       Д.М.  фото: архива